Вести
Најстудено во Скопје и Берово – викендов затоплување, од понеделник повторно ниски температури
Утрово најстудено е во Скопје и Берово. Според мерењата на УХМР во Скопје – Петровец и Берово се регистрирани -8 степени, -6 во Демир Капија, Куманово, Штип и Тетово, -5 во Дебар, Струмица, Прилеп, Крива Паланка, Битола и Скопје-Зајчев Рид, -4 во Виница, -3 во Лазарополе, -2 во Претор, Охрид, Гевгелија, Маврово, Пожаране и Тополчани, -1 Ѓуриште и 0 во Крушево.
Утрово времето е ведро, претежно тивко и студено, со слаба магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево, а кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлините ќе има слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.



