Вести
Изборен молк пред прегласувањето во Теарце
На полноќ почна изборниот молк во пресрет на повторувањето на гласањето утре во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените паралемнтарни избори.
Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги извести радиодифузерите дека врз основа на Решението од ДИК за повторување на гласањето на гласачкото место бр. 2011, во општина Теарце заклучно со 19 часот на 25-ти декември, важат правилата за изборен молк.



