Актуелно
Излезни анкети: „Не“ во предност над „да“ на референдумот во Грција
Последните истражувања на јавното мислење спроведени за време на референдумот и две излезни анкети по затворањето на избирачките места, покажуваат дека мнозинството Грци кои излегле на избирачките места ја заокружиле опцијата „не“.
Дел од западните медиуми пренесуваат резултати од две излезни анкети кои укажуваат дека „не“ е во предност, додека анкетите кои ги спровеле ГПО, Метрон Анализис и МРБ исто така укажуваат дека противниците на предлогот на кредиторите водат за три процентни поени.
Неколку минути по завршувањето на референдумот во Грција, локалните медиуми објавија прогноза на резултатите кои наведуваат дека Грците гласале против препораките на странските кредитори.



