Вести
ИЗМИНУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ: Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2017
Стотици милиони луѓе во светот вечер на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2016 и ќе ја пречекаат Новата 2017 година.
Град Скопје ја откажа традиционалната новогодишна прослава што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“. Околу два милиона денара кои беа планирани за организирање на пречекот, ќе бидат донирани во социјални цели.
Сепак, за најмалите предвидена е богата програма на улицата „Македонија“. Во 10 часот ќе биде изведена претставата „Брашко“, ќе има детски игри, магично шоу со Иван, новогодишна парада и дефиле на Снежната кралица. Дедо Мраз во 11:15 часот ќе го посети новогодишниот базар „Подари среќа“ на улицата „Македонија“, а во 11:30 часот ќе и се приклучи на новогодишната парада, а децата ќе можат да се дружат со него и со неговите помошници. Во 12:30 часот ќе има „Christmas mix“ со City Radio.



