Вести
ОБЛЕЧЕТЕ ПОТОПЛА ОБЛЕКА: За новогодишната ноќ ведро и студено до -13 степени
На последниот ден од оваа година ќе биде ведро и студено со утрински температури под нулата кои ќе се движат од -10 до -2 степени, а на првото утро во Новата година ќе биде уште постудено со минимални температури од -13 до – 4 степени.
За утре се очекува ведро и студено време со слаб до умерен северен ветер. Во претпладневните часови не е исклучено наместа да провејува слаб снег, а ветерот постепено ќе ја намалува брзината. Долж Повардарието се уште ќе дува умерен повремено засилен ветер во претпладневните часови, а попладне и навечер брзината ќе се намалува.
Постудено ќе биде на првиот ден од Новата Година кога утринската температура ќе се спушти до – 13 степени, а дневната ќе се движи од два до осум степени.



