Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Извадете ги возилата од строгиот центар на Скопје пред доаѓањето на папата

Вести

Извадете ги возилата од строгиот центар на Скопје пред доаѓањето на папата

Извадете ги возилата од строгиот центар на Скопје пред доаѓањето на папата

Централното градско подрачје во Скопје ќе биде затворено за сообраќај на 7 мај, од 6.00 часот утрината, до 19.00 часот, по повод доаѓањето на папата Франциск, кој утрината ќе одржи света миса на плоштад Македонија. Од Владата велат дека сообраќајот ќе биде пренасочен на другите улици и булевари околу центарот на градот.

Отворени за сообраќај ќе бидат булеварите „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Партизански одреди“ и булеварот „Гоце Делчев“.

-Им порачуваме на оние граѓани кои живеат во централното градско подрачје дека ќе биде затворено за сообраќај. Ако сакаат на 7 мај да ги користат своите возила треба претходниот ден да ги извадат надвор од оваа зона, затоа што на 7 мај нема да можат да излезат – порача денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Тој испрати апел до граѓаните да користат јавен градски превоз, кој тој ден ќе биде бесплатен за сите и додаде дека движењето на пешаците низ Скопје ќе биде непречено.

Посебен режим ќе има од аеродромот до Скопје од временски интервали 7.30 до 9 часот и од 17 до 18.30.  Сообраќајот од излезот на Скопје во Автокоманда кон аеродромот ќе биде затворен во двете ленти и ќе биде пренасочен.

На трасата Велес Скопје во овој период сообраќајот за влез и излез ќе се одвива преку трасата Миладиновци- Идризово- Маџари.

Трасата Куманово- Скопје  на клучката Миладиновци ќе се пренасочува кон обиколницата на Скопје, прв дозволен влез во град Скопје ќе биде клучката кај Радишани.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.