ЈСП со изменет режим на сообраќај поради „Визер скопски маратон 2019“
В сабота (4.05.2019 година), поради одржување на „Визер скопски маратон 2019“ дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.
Туристичката линија City tour нема да сообраќа цел ден.
Линијата 25 и 59 А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот.



