Вести
„Касперски Лаб“: Извршени 45 илјади хакерски напади во 74 држави во светот
Најголемата европска компанија, специјализирана за разработка на антивирусен софтвер „Касперски Лаб“ регистрирала вчера 45 илјади хакерски напади во 74 држави во светот, при што најмногу обиди за заразување биле извршени во Русија, јави ТАСС.
Нападнати биле компјутерите на најголемите компании и министерства, меѓу кои Сбербанк, Мегафон, Министерството за внатрешни работи и Министерството за вонредни ситуации.
Користен бил инструмент, создаден од Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), изјави поранешниот вработен во оваа Агенција, Едвард Сноуден, кој ја разоткри нејзината програма за следење на комуникациите на граѓаните.



