Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Најтопло во сабота – од понеделник врнежи од дожд и заладување
Времето во Македонија во раните утрински часови ќе биде значително облачно со слаб локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, кој во јужните делови повремено ќе се засилува.
Температурата ќе се движи од 19 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер.


