Актуелно
Катица Јанева избрана за специјален јавен обвинител
Советот на јавни обвинителите доцна синоќа на предлог на Собранието едногласно ја избра Катица Јанева за специјален јавен обвинител, со што се испочитува крајниот рок предвиден со договорот од Пржино за надминување на политичката криза.
Јанева ќе има задача да ги гони кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.
Таа денеска треба да даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители, со што и официјално ќе ја преземе новата должност.



