
Актуелно
Боки до Рускоска: „Се извинувам што ве прекинувам додека зборувате лаги“
Триесетдневен притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски, како осомничени за изнудување пари, одземен мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, како и претреси во домот на родителите на Јовановски во Тафталиџе и на неговата канцеларија во 1ТВ е епилогот од вчерашниот ден, откако претходно Јавното обвинителство ги обелодени случаите за Јовановски и Милевски, а Јаневска си поднесе неотповиклива оставка.
Двајцата осомничени до доцна синоќа беа на распит во Кривичниот суд, по што Судот излезе со официјално соопштение во кое ја потврди мерката притвор.
Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија, изјави доцна синоќа пред судот обвинителката Вилма Рускоска.


