Вести
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.
На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со сопругата, вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања, Кочо Анѓушев и Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, Цветанка Ласкова, советничка за култура на премиерот, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, верски заедници…
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.



