Вести
Најстудено во Битола, Скопје Петровец и Берово
Најниска температура изутрина во 7 часот во Македонија е измерена во Битола минус шест, по што следат со минус пет Скопје Петровец и Берово, Демир Капија, Тетово, Куманово и Струмица со минус четири, Скопје Зајчев Рид и Гевгелија, со минус три, Претор, Крива Паланка, Дебар, Прилеп и Штип со минус два, Лазарополе минус еден, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Маврово е измерена снежна покривка од три сантиметри.
Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 9 до 14 степени.



