„Божикна серенада“ – народен, културен и духовен проект
Традицијата за возобновување на Божикни песни, по идеја на Бигорскиот манастир и со благослов на Владиката Партениј, продолжува и оваа година.
Никола Перевски -Пере Нокаут, Влатко Лозаноски – Лозано, Стефан Филиповски – Некст тајм и Димитар Андоновски, се веселите коледари во новата, шеста по ред возобновена Божикна песна којашто раскажува за една млада девојка, опеана како гулабица, која се успала за празничната Богослужба, па коледарите низ серенада ја будат, опоменуваат.
,,Не слушаш, гулабице моја?
Дојдов во твојата маала,
ај, твојата маала будна е,
ти, пак, уште тешко спиеш.
Стани сега, оди на Црква,
стани ти, камбаните бијат,
ај, Христос се роди денес,
голем празник е за сите.
…..
Ај, госпоѓо, добра, убава,
ај, госпоѓо наша златна.
Стани сега, оди на Црква,
стани ти, камбаните бијат,
ај, Христос се роди денес,
голем празник е за сите”…




