Актуелно
Казна од 400 евра за брзо возење во населено место
Глоба од 400 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина. Ова го предвидува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што го усвои Собранието на Република Македонија на вчерашната седница.
Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
Со Законот е предвидена глоба од 300 евра во денарска противвредност, односно регистрирање 50 негативни бода за возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со Закон.



