Актуелно
КОЛЕСКА: „Младите сѐ повеќе даруваат крв“
Од 9 часот кога почна традиционалната крводарителска акција која денеска се организира во Домот на АРМ по повод празникот Голема Богородица, до 12 часот над 120 граѓани дарувале крв.
Акцијата, која по 14-ти пат ја организира Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, ќе трае до 17 часот.
Секретарот на Општинската организација на Црвен крст Центар, Валентина Колеска истакна дека крводарителска акција станала препознатлива традиција во Скопје и пошироко. Таа укажа на големата хуманост од страна на граѓаните на градот Скопје.



