Актуелно
Викендот во Скопје во 26 сообраќајки, повредени 25 лица
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди во кои се повредени 25 лица.
На 26 август – петок сообраќајната полиција извршила увид на 12 сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета, шест се со последици телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле осум лица.
Се случила и една незгода во која тешки телесни повреди се здобил возач на мотоцикл .



