Актуелно
Лекарите од „8 Септември“ на протест
Преку 200 лекари од Општата градска болница „8 Септември“, денеска протестираа пред болницата. Лекарите протестираат за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице што почина од срцев удар кршеа се пред себе во болницата.
Простестот беше подржан и од директорот на болницата Сашо Стојчев.
– „Ние само бараме да се почитува белиот мантил. Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо, од ден на ден е се полошо“ , изјави Стојчев.



