Актуелно
Mајмунчето Лука вратено во Зоолошка и во добра состојба
Здравствената состојба на мајмунчето Лука, кое вчера беше украдено од Зоолошката градина во Скопје, е добра.
Како што информира Зоолошката градина, мајмунчето моментно е сместено во внатрешното живеалиште заедно со своето помало братче.
Лука вчера попладне околу 17 часот беше украден од двајца Кавадарчани. Тие ја исекле мрежата од надворешното живеалиште на мајмунчето и со прескокнување преку јужната заклучена капија од Зоолошката се упатиле кон паркингот, од каде потоа со возило заминале кон Велес.



