Низ објективот
Запознајте ги новите жители во Скопската зоолошка – бебињата пингвини (ФОТО)
Скопската зоолошка градина ја изненади јавноста со прва фотографија на бебе пингвин, првото младенче од овој вид што се роди во нашата земја. Оваа вест е поврзана со утрешното одбележување на Светскиот ден на пингвините, ден што е посветен на кревање на свеста за овие птици и нивната заштита.
„Со задоволство ве информираме дека во Заливот на пингвините во Зоолошката градина, утре во 11 часот, ќе се оддржи едукативен и интерактивен час на отворено, каде што секој посетител ќе може да научи нешто ново за овие прекрасни птици. Ова е идеалната можност за сите да ги запознаете пингвините од Скопје Зоо, нивните карактеристики, но и меѓусебните односи и социјализација во групата.“ – информираа од Скопје Зоо.