Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Магла на патиштата, авиосообраќајот отежнат

Актуелно

Магла на патиштата, авиосообраќајот отежнат

Отежнат сообраќајот поради појава на магла од која видливоста кај Петровец, Маџари, Кочани, Неготино и Македонски Брод е од 100 до 150 метри, а од 30 до 50 метри на патиштата кај Тетово, Велес, Кула и Штип. Маглата го отежна и авиосообраќајот на скопскиот аеродром, дел од летовите се откажани, дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија.

Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајдховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг.

Од ноќеска не е реализирано слетување на скопскиот Аеродром. Пренасочени кон софискиот аеродром се летовите од Виена, а кон Охрид летовите од Малме и Барселона. Лет е откажан од Истанбул.

Според прогнозата на УХМР по котлините претпладцен ќе магливо и се очекува попладне во некои од котлините да се расчисти. И во наредните денови се очекува магла по котлините.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.