Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Најладно во Берово, Дебар, Штип и Тетово
Најниска температура од -5 степени утрово е измерена во Берово, по што следуваат Дебар, Штип и Тетово со -4, Маврово, Скопје, Струмица и Битола со -3, Кавадарци со -2, Куманово, Демир Капија и Прилеп со -1.
Нула степени се измерени во Лазарополе, Крива Паланка, Претор и Охрид, 3 во Крушево и Гевгелија и 4 степени во Дојран.
Утринава на повисоките места и во југоисточните делови е сончево, а по контлините магловито. На повисоките места во североисточниот регион дува слаб до умерен северен ветер. До крајот на денот на повисоките места и во југоисточните делови ќе биде сончево и релативно топло, а по котлините претпладне магливо и постудено. Попладне во некои од котлините маглата ќе ослаби.



