Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија денеска во жолта алертна фаза: Температурите ќе достигнат 40 степени Целзиусови

Актуелно

Македонија денеска во жолта алертна фаза: Температурите ќе достигнат 40 степени Целзиусови

Македонија денеска влегува во жолта фаза поради што се очекуваат температури до 40-тиот степен и висок УВ индекс 9. Ваквото време, според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи, ќе продолжи и во следните денови.

Поради топлиот бран кој ја зафати државата, Министерството за здравство препорачува да се избегнува физичка активност од 11 до 17 часот, да не се излегува на сонце и да се употребува лесна храна и многу течности. Граѓаните треба да носат лесна облека, а постарите лица редовно да ја земаат својата терапија. Доколку пак се излегува на сонце, да се одмора под сенка или во некоја климатизирана просторија и со себе да се носи вода.

Во соработка со здравствените домови и со Црвениот крст ќе бидат поставени во 33 градови пунктови за бесплатни превентивни прегледи кои ќе се вршат секој ден од 18:30 до 21:30 часот. Ќе се мери крвен притисок и ќе се даваат совети за превенција од топлото време, но и за здрав начин на живот.

Во главниот град, Црвениот крст ќе дели флаширана вода и ќе им помага на беспомошните граѓани и на бездомниците.

Од Министерството за здравство предупредуваат дека поради високите температури можна е појава на разни заболувања поради што мора да се внимава на личната хигиена, добро да се мие овошјето и зеленчукот и да се одбегнува лесно расипливата храна…

Целта на пунктовите е превентивно да се делува, но и да се подигне личната свест и за самозаштита на граѓаните при високите температури.

Во изминатите три години на овие пунктови вкупно 34.952 граѓани се прегледани, од кои кај 25.561 е измерен крвен притисок и 1.361 граѓанин се упатени кај нивните матични лекари, додека 58 се детектирани како итни случаи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.