Актуелно
Нов систем за наплата во градскиот превоз во Скопје
По едно евро за секој изминат километар ќе добиваaт превозниците од јавниот градски превоз од 1 јануари следната година. Од тогаш ќе почне да се применуваат и новите системи за наплата со електронски билети и автоматско следење на возилата, како и единствена цена кај сите превозници.
Советот на Град Скопје на денешната седница ќе ги разгледа Предлог-одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје и Предлог-одлуката за утврдување на привремена вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – изминат километар.
Парите од наплатата на превозот со умните билети ќе ги собира Град Скопје, а потоа сите превозници ќе добиваат надомест од едно евро за изминат километар. За секое возило ќе се знае точно колку минало благодарение на системот за автоматска локација. Ќе биде утврден единствен систем на линии во градскиот и во приградскиот превоз и единствен возен ред. Главен носител на јавниот превоз е ЈСП „Скопје“, а може да учествуваат и други превозници кои исполнуваат точно утврдени услови и кои ќе склучат договор со Град Скопје за одржување на одредена линија. Ќе има нов оглас за распределба на линии.



