Вести
Македонија ќе добие тужба пред меѓународните судови за аерозагадувањето
Граѓански активисти, Меѓаши и новинари за човекови права ќе ја тужат државата пред домашните и меѓународни судови поради аерозагадувањето. Организациите покренаа петиција за нула толеранција за аеро загадувањето и загрозување на животот и побараа помош од адвокат кој доброволно и без надомест ќе ги застапува.
Ја повикаа и меѓународната заедница којa силно се заложила за референдумот да помогнe и во борбата за живот и решавање на проблемот со загадувањето.
Според последните истражувања и анализи државата издвојува 300 милиони евра за лекување на граѓаните од последиците добиени од загадувањето, а само 1.5 милион за новата владина стратегијата Чист Воздух. Активистите остро реагираат на средствата одвоени за 2019година за животна средина и намалување на загадувањето со само 0.6 проценти од буџетот.


