Вести
Македонија ги одбележува двата историски Илиндена
Република Македонија денеска ги одбележува двата историски Илиндена – 114 години од почетокот на Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ.
Чествувањето почнува утрово во 8 часот во црквата „Свети Спас“ во Скопје каде ќе се обрати претседателот на Владата Зоран Заев. Македонскиот премиер и премиерот на Бугарија Бојко Борисов ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата.
По повод Денот на Републиката, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во 10.25 часот ќе се обрати пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје. Претходно Иванов ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ (во паркот Жена-борец) и на споменикот на Никола Карев (пред Собранието на Република Македонија).



