Вести
Над 20.000 луѓе евакуирани при пожар на музичкиот фестивал „Тумороуленд“ во Барселона
Над 20.000 присутни на музучкиот фестивал „Тумороуленд Јунајт Спејн“ што се одржува во шпанскиот град Барселона, беа евакуирани синоќа, откако избувна пожар на главната сцена на манифестацијата.
Организаторот на фестивалот на својот профил на Фејсбук објави дека пожарот бил предизвикан од петарда што паднала на сцената и ја запалила целата конструкција на бината.
Инцидентот се случил неколку минути пред стартот на настапот на американскиот ди-џеј Стив Аоки.



