Вести
Заев и Борисов заедно се поклонија на гробот на Гоце Делчев
Да го поминеме минатото и сегашноста заради идината на Македонија, порача претседателот на македонската Влада Зоран Заев пред денешното заедничко поклонение со бугарскиот премиер Бојко Борисов на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.
Очекуваме секој да се вгради себеси во процесите кои испишуваат нова историја за Република Македонија, истакна премиерот Заев и повика на заедништво.
– На 114 години од Илинден и 73 годишнината од Првото заседание на АСНОМ изразувам одлучна верба за јасна иднина. Има светла иднина за нашата Република Македонија и има иднина за секого во оваа наша убава земја. Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евроатлантската иднинана РМ која што води до квалитетен живот. Го послушавме Делчев кој ни рече да не се губи времето. Се здруживме и ги подадовме рацеме помеѓу нас и создадовме пат кон развојот. За развојот се потребни доброволно подадени раце на граѓани и народи кои се потпираат и поддржуваат и така заеднички чекорат стабилно напред, рче Заев.



