Актуелно
Македонија во портокалова фаза, 42 степени и УВ индекс 9
Охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевски регион, денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, а останатите региони со температури од жолта, односно алертна фаза, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Поради најавата за температури од портокалова фаза во три од шест региони низ државата, како и високи температури низ целата земја кои траат континуирано изминатиот период, Владата вчера на седница на предлог на Министерството за здравство, донесе дополнителни препораки за заштита на населението од високите температури.
Владата донесе препорака за ослободување од работните обврски на сите лица кои работат со скратено работно време поради здравствени причини.


