Актуелно
Македонија во портокалова фаза: Денеска температурата ќе се искачи до 39 степени
Јужновардарскиот регион на Македонија денеска ќе биде зафатен со температури од портокалова фаза. Останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза.
Министерството за здравство информира во јужновардарскиот регион на Македонија (Штип, Радовиш, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија) да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
– Особено се препорачува на установите за згрижување на деца, (градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период, се вели во соопштението од Министерството за здравство.



