Актуелно
ПОРТОКАЛОВА ФАЗА: Бремените жени и хронично болните денеска и утре да не одат на работа
Од работни обврски денеска и утре да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Ова се препораките од Министерството за здравство (МЗ) по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека во текот на овие денови територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова фаза.
МЗ препорачува и да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период.



