Актуелно
Македонија зафатена од топлотен бран: Денеска температурата ќе достигне 40 степени
Од денеска до вторник, Македонија ќе биде зафатена со температури до 40 степени целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.
– Граѓаните потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се – заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, информира Министерството за здравство.
Сите заинтересирани граѓани имаат можност да добијат здравствен совет во однос на почитување на препораките за заштита од високи температури и информации од превентивен карактер. За таа цел мобилните едукативно-здравствени пунктови се поставени во сите градови во државата и се отворени секој ден, од 18.30 до 21.30 часот. Таму се мери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.


