Актуелно
Македонски Телеком и Т-Мобиле и минатата година лидери на пазарот
Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција на пазарот во 2014 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните консолидирани финансиски резултати согласно со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).
Продолжува трендот на пораст на приходите во интернет и IPTV сегментот, а се намалуваат приходите од говорните услуги.
Приходите од продажба на ниво на Групација во 2014 година изнесуваат 11 милијарди денари, што претставува намалување од 11,3 отсто во споредба со 2013 година. Оперативните трошоци во изминатата година се намалени за 12,7 отсто во споредба со 2013 година, а вкупните капитални инвестиции во 2014 година изнесуваат 1,8 милијарди денари.



