Актуелно
За првпат ќе се изнурка Охридското езеро по целата должина
Интернационалниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски – Мичо, од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, овој викенд, започнува авантура во која тој со тим нуркачи, ќе го изнурка Охридското езеро во целата негова должина во текот на наредните три месеци.
Ова е првпат ваков историски зафат да биде изведен во Европа. Секулоски и неговиот тим ќе го пренуркаат најголемото езеро во земјава (како од неговата македонска, така и од албанската страна) на длабочина од пет до 15 метри во должина од 80 километри и 322 метри.
