Вести
Зендаја и Том Холанд се вериле
Зендаја и Том Холанд се најдоа во центарот на вниманието, но овој пат не е нов филм или нивниот стил на црвениот тепих, туку нивната свршувачка. Главна тема на шпекулации е можноста овој омилен пар да се сврши, а сето тоа поради дијамантскиот прстен што Зендаја го носеше вчера на доделувањето на Златните глобуси.
Зендаја блесна во портокалов фустан на Луј Витон. Сепак, погледите беа вперени кон левата рака, каде што го носеше прстенот на Џесика Мекормак. Парче дијамант од 5,02 карати. Неговиот софистициран дизајн East-West Cushion е поставен на комбинација од бело и жолто злато, а она што дополнително ги поттикна шпекулациите е фактот дека овој прстен е претставен во делот за свршенички накит на официјалната веб-страница на дизајнерот.




