Марина Туцаковиќ со влошена здравствена состојба префрлена во болница
Авторката на бројни хитови во вторникот имала јаки напади на гушење, поради што нејзиниот син Милан на друштвените мрежи напиша дека и е потребна итна лекарска помош. Медиумите во регионот пренесуваат дека таа е приклучена на респиратор.
Марина Туцаковиќ и понатаму е во лоша состојба. Нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ изјави за српските медиуми дека ракот на дојката метастазирал на црниот дроб, мозокот и коските.




