Актуелно
„Матурска парада 2016“ на плоштадот „Македонија“
На плоштадот „Македонија“ денеска напладне ќе се одржи 10. „Матурска парада“ на која традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат кадрил.
Организаторот на настанот, Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, очекува да се вклучат околу 1.200 матуранти од 20 средни училишта од Скопје, како и 1.300 нивни врсници од 12 средни училишта во Струга, Охрид, Струмица, Валандово, Гевгелија и Неготино.
Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 часот со обраќање на градоначалниците. Потоа матурантите ќе кажат изјава за ненасилство, по што ќе следува директно вклучување на Радио Словенија од каде ќе се преземе музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ на која матурантите точно во 12 часот во сите градови учесници на манифестацијата ќе го танцуваат кадрилот.



