Актуелно
Во Скопје вчера во 16 сообраќајки, 14 лица повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета, пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица и три незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле три лица.
Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Тринаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Затекнати се и 47 непрописно паркирани возила, пет лица со необновена регистрација на возилото и четворица пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.



