Актуелно
МАТУРСКИ ИСПИТ: Со тестирањето по мајчин јазик, почнува полагањето државна матура
Во сите средни училишта во Република Македонија денеска ќе почне полагањето државна матура, со тестирање по мајчин јазик (македонски, албански и турски) и литература, кој е задолжителен за сите пријавени кандидати.
За македонски јазик и литература се пријавени 10.730 кандидати, албански јазик и литература 5.424, а 428 ќе полагаат турски јазик и литература.
Како што соопшти Државниот испитен центар, државна матура годинава ќе полагаат вкупно 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.



