Актуелно
Маж мачел и силувал куче среде бел ден – полицијата вели дека нема надлежност да реагира
Лице на возраст од 25-30 години минатата недела среде бел ден мачело и силувало куче на кеј од страна на Керамидница, кое по чинот влегло во една од куќите на таа страна од Вардар, велат од Анима мунди.
– „Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил монструмот, силувачот на кучето. Шокирани сме што сѐ се случува во Македонија и што сѐ се толерира во нашето општество. Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега“, стои во соопштението на здружението.
Велат, иако е пријавено, полицијата нема интерес или механизам да изврши претрес, вештачење и да го приведе лицето кое го извршило монструозниот чин.



