Актуелно
Метеоролозите најавуваат заладување: Од среда врнежи од дожд и температура до 20 степени!
Врнежи од дожд и намалување на температурата не очекува во среда и четврток. Метеоролозите најaвуваат пад на температурата на 20 степени задутре и пообилни врнежи во западнaа и југозападна Македонија.
Под влијание на влажен бран од Медитеранот од среда попладне и четврток наместа се очекува дожд над 30 литри на метар квадратен.
Темерпатурата во среда ќе се движи од 7 до 14 во утринските часови и максималната од 12 до 20 степени Целзиусови. Во четврток до 26 степени. Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето кое за викендот ќе биде до 30 степени.



