Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и посвежо – од утре дожд и значителен пад на температурата
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во источниот дел на земјава ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 21 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 25 степени.


