Актуелно
Прием на нови 125 професионални војници во АРМ
Работете посветено, чесно и хумано. Вашата подготвеност и енергија, амбицијата и желбата за успех нека бидат основата на која ќе се темели напредокот во вашата кариера, им порача министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во скопската касарна „Илинден“ на новите 125 професионални војници во служба на АРМ.
Честитајќи им го новиот почеток во кариерата во воената професија, Јолевски потсети дека тие поминаа ригорозен процес на селекција и докажаа дека се најдобри меѓу најдобрите.
– Свесни сме дека клучен елемент за успехот на секоја армија е високо обучениот, мотивиран и квалитетен професионален воен персонал. Поради тоа долгорочно инвестираме во обуката на персоналот на Армијата. Токму затоа, вас ви претстои период исполнет со предизвици и многу работа. Предизвик кој значи инвестирање во знаење и обука, но и инвестирање во иднината, рече во обраќањето министерот Јолевски.



