Актуелно
Мила и Јаков најчести имиња на деца во 2015
Мила е најчестото женско, а Јаков најчестото машко име кое граѓаните во земјава го давале на своите новородени деца во текот на оваа година.
Меѓу најчестити имиња во 2015 година кај новородените женски бебиња се и Лана, Михаела, Сара, Јана, Софија, Дарија, Мелиса, додека кај машките деца најчести имиња кои ги давале се и Стефан, Филип, Дамјан, Даријан, Никола, Јован и Михаил.
Според податоците на Управа за водење матични книги во 2015 година како специфични имиња се јавуваат Денуција, Срна, Мевлан, Бисера, Фатма.



