Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Министерот Спасовски го покажа на јавноста мерцедесот од 600.000 евра

Вести

Министерот Спасовски го покажа на јавноста мерцедесот од 600.000 евра

Денеска министерот Оливер Спасовски го исполни ветувањето кое го даде првиот пат кога влезе како министер во МВР и го направи достапно за јавноста и граѓаните , возилото „мерцедес С-класа 600” купено 2012 година од страна на министерката Гордана Јанкулоска за личните потребите на тогашниот премиер Никола Груевски.

За блиндираниот мерцедес беа потрошени 600. 000 евра од буџетот, пари од граѓаните на Република Македонија, во постапка во која се фингираше транспарентност, и веднаш беше сокриено од очите на јавноста во гаражата во Владата на Република Македонија.

Возилото има поминато 57. ооо км, делумно е технички амортизирано и поради тие причини во моментот не може да ја врши својата безбедносна функција.

Ова возило е симбол на едно време, како со пари на граѓаните се луксузираа функционерите додека полицајците немаа основни средства за работа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.