
Вести
МИРОСЛАВ РУС: „Македонија ми е во срцето!“
Мирослав Рус, годинешниот добитник на наградата за промоција на музика на Балканот, што „Охрид-фест“ традиционално ја доделува секоја година, е еден од најплодните автори од Хрватска чии што песни одамна ги поминале границите на неговата земја.
Скоро и да не постои пејач со кого овој музичар не соработувал- Здравко Чолиќ, Жељко Бебек, Мишо Ковач, Нина Бадриќ, Црвена јабука, Калиопи, Масимо, Тони Цетински, Нови Фосили, Тајчи.., и секако Тоше Проески. Албумот „Игри без граници“ е најмоќната и најсилната симбиоза на музиката, текстот и гласот.
Годинава „Охрид фест“ ви доделува награда за промоција на музиката на Балканот. Колку ве изненади веста за ова признание?

