Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Грета Тунберг во Тетово: Светската еко-активистка се појави во нов простор на младите!

Македонија

Грета Тунберг во Тетово: Светската еко-активистка се појави во нов простор на младите!

Шведската климатска активистка Грета Тунберг вчера го посети Тетово, каде што оствари средба со претставници на Општествено-културниот центар во градот. Целта на посетата беше да се запознае со локалните иницијативи и тековните активности кои се реализираат со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Тунберг заедно со тимот на организацијата имаше можност да ја посети и новата просторија на Центарот, каде што над стотина волонтери интензивно работеа на подготовките во изминатите денови. Официјалното отворање на новиот простор е закажано за сабота од 18 часот.

Иако не се потврдени официјално, се појавија шпекулации дека Тунберг би можела да се појави и на настани во Скопје за време на претстојниот викенд. Засега, нема потврдена информација за продолжување на нејзините активности во земјава.

Маркетинг

Посетата на Тунберг се случува по неколку интензивни денови на Балканот, каде што таа продолжи со својот ангажман поврзан со поддршка на палестинскиот народ. Само неколку дена претходно, Грета учествуваше на протест во центарот на Тирана, каде јавно повика на прекин на израелската воена опсада врз Газа и упати остра осуда на насилството.

Во истиот контекст, таа беше дел од хуманитарната иницијатива преку мисијата на бродот „Мадлин“, кој се обиде да достави помош до цивилното население во Газа. Бродот беше пресретнат од израелската морнарица во меѓународни води, по што Тунберг беше депортирана и враќана назад во Европа.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.