Македонија
Се менува времето овој викенд: од 43°C до дожд и северен ветер!
По неколку дена со екстремно високи температури, граѓаните конечно можат да здивнат – голема промена во времето е на повидок. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, саботата ќе остане под влијание на топол бран, со температури кои на некои места може да достигнат дури и 43°C.
Сепак, вистинското олеснување започнува од недела. Очекувањата се дека во попладневните часови ќе се појават првите локални врнежи од дожд, проследени со грмежи, што ќе донесат свежина и промена на атмосферата.
Промената ќе ја почувствуваме и преку ветерот кој ќе го смени правецот – од југ ќе се пренасочи кон север. Ова ќе влијае и врз температурите, кои ќе започнат да опаѓаат, особено во првата половина од наредната недела.




