Вести
Младо рисче со мајка фотографирано на Јабланица
Младо рисче со својата мајка е фотографирано на планината Јабланица. Фотографијата е обезбедена преку фото-замка од мониторингот што го врши Програмата за заштита на балканскиот рис спроведуван од Македонско еколошкото друштво (МЕД).
Според Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на балканскиот рис, ова е одличен податок што покажува дека овој загрозен вид се размножува и надвор од неговото јадрово подрачје Националниот парк Маврово.
Во рамки на Програмата за заштита на балканскиот рис постои мониторинг мрежа составена од ловџии, шумари, ветеринари и љубители на природа кои доколку видат или сликаат рис или жртва од рис, за тоа веднаш го известуваат во МЕД.


