Вести
Могерини: Се вративте назад на добрата патека (ВИДЕО)
Ја носам добата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративте назад на добрата патека. Можете да славите половина ден и потоа да се вратите на работа, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.
Могерини истакна дека постигнувањето е заеднички успех на Владата, Парламентот, опозицијата и сите граѓани на Македонија.
– Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата и тие заедно треба да ги продолжат и следните чекори и да ја преземат одговорноста за тоа. Добрите вести што ги носам значат и многу работа што треба да биде направена, а следното ниво е имплементација на реформите и на обврските што ги презедовте, како и враќањето на довербата на луѓето во институциите, рече Могерини и го поздрави подобрувањето на соработката со соседите.



